ДЕНВЕР ЗАСТАНА, ТОРОНТО НЕ...

Ленард ги води Репторс кон бројот 1 на Истокот (ВИДЕО)

Торонто Репторс е најдобрата екипа на истокот, а тоа канадскиот тим го покажа и со победата во Сакраменто (114:105).

објавено: 8 ноември 2018 - 08:00

Торонто Репторс е најдобрата екипа на истокот, а тоа канадскиот тим го покажа и со победата во Сакраменто (114:105). До новиот триумф ги водеше новиот играч, Каваи Ленард со 25.поени и 11. скока, а доста поени даде и Паскал Сијекем - 21.

 Најдобар кај Кингс, во чии редови се врати Богдан Богдановиќ, Вили Коли-Штајн даде 23, а еднаков број на поени имаше и Бади Хил. Со оваа победа Репторс остана на врвот на Истокот со скор (11-1), додека Сакраменто е осми на Западот со (6-5).

Во тесна завршница Мемфис го изненади Денвер и победи со минимални (89:87). Клучните поени, на четири секунди пред крајот ги постигна Марк Гасол, него 20. поен на мечот во кој имаше и 12 скока. Ист број на поени имаше и Џарен Џексон-јуниор, додека кај Денвер до „дваесетката" дојде Гери Херис, а еден повеќе имаше резервистот Треј Лајлс.

 Јута Џез го победи Далас (117:120); и ја прекина серијата од четири порази по ред. За скор (5-6) и 9.мест0 на Западот. Далас има (3-8) и е на 14.позиција во овој момент.

Донован Мичел беше сјајен со 23.поени, седум асистенции и пет скока, исто какои Лука Дончиќ на другата страна од теренот. Словенецот имаше 24.поени за 35, минути, шест скока и две асистенции.
Во „Стејплс Центарот" Леброн Џејмс го предводеше тимот од Ел-Еј до тешка победа против Минесота (114:110). Беше ЛБЏ блиску до трипл-дабл ефект – оствари 24.поени, 10.скока и 9.асистенции. Го следеа Кајл Кузма и Џош Харт со по 21.поени, а еден помалку уфрли Брендон Инграм.

За тимот од Минеаполис Дерек Роуз реализираше 31.поен, а „повратникот во тимот" Џими Батчер додаде 24.
Оклахома покажа дека знае да победува и без помошта на Расел Вестрбрук. Така беше на дуелот против Кливленд, во Охајо (95:86), што е шеста победа за Тандер во НБА.
Одличен беше Денис Шроедер со 28.поени и седум скокови, Пол Џорџ имаше 18.поени и пет скока.
Кај Кливленд за кој ова беше веќе десеттиот пораз во 11 мечеви, Колин Секстон уфрли 15.поени, Џеј Ар Смит уште 13.
Мајами Хот го победи Сан Антонио (95:88), з автора по ред победа и исто толку порази за Спарс.
До триумфот „жешките" дојдоа по заслуга на фенименалиот Хасан Вајтсајд кој имаше 29.поени, 20 скокови и неверојатни девет блокади!
Вејн Елингтон даде 20, а Џастис Винслоу уште 19. Сето тоа без стартерот на плејмејкерската позиција Горан Драгич.
Пети Милс со 20, и Давис Бертанс со 19 поени беа најефикасните поединци во тимот од Тексас, кој е шести на Запаот со скор (6-4(, додека Мајами дојде на половични (7-7).
РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Оклахома 86:95, Орландо – Детроит 96:103, Атланта – Њујорк 107:112, Мајами - Сан Антонио 95:88, Индијана – Филаделфија 94:100, Мемфис – Денвер 89:87, Њу Орлеанс – Чикаго 107:98, Јута – Далас 117:102, Сакраменто – Торонто 105:114, ЛА Лејкерс - Минесота 114:110;

Најново во Кошарка