АКО ТРЕБА И ЌЕ ПОЧЕКААТ

Лејкерс ќе го донесе Ленард во ЛА – БЕСПЛАТНО!

Меџик Џонсон и неговите соработници во менаџерскиот тим на „езерџиите" се уверени дека Каваи Ленард ќе го облече дресот на тимот од Калифорнија, и дека нема да прават „пребрзи одлуки".

објавено: 6 јули 2018 - 09:30

Најпознатиот американски НБА инсадер, Адријан Војарновски пренесува дека Лејкерс немаат намера да ги исполнат барањата на Сан Антонио Спарс, односно во замена за Ленард, на клубот од Тексас да му испратат неколку талентирани играчи.

За потсетување, за еден од најдобрите играчи во НБА лигата, Спарси ги побарале од Лос Анџелес Лејкерс Бреднон Инграм, Кајл Кузма, Џош Харт, и правото на избор на два пика во првиот круг на драфтот, што е сосема неприфатливо за тимот од Калифорнија.

Во исто време, сепак, тие не се откажуваат од намерата да го донесат Ленард во ЛА, и веруваат дека наредното лето ќе можат да го добијат Каваи бесплатно, со оглед на тоа дека ќе стане слободен агент. Во прилог на тоа оди и желбата на Ленард да биде дел од славната франшиза во НБА лигата.
Во 2011 година Ленард беше 15.пик на драфтот, го избра Јута но веднаш го проследи во Сан Антонио каде три години подоцна ја освои шампионската титула.
После доаѓањето на Леброн Џејмс, ЛА Лејкерс ги ангажираше и Ражон Рондо, Ленс Стивенсон и Џавал Мек Ги.

Најново во Кошарка