КРАЈ НА НЕРВОЗИТЕ, ОТВОРЕН ПРОСТОР ЗА УШТЕ ЕДНА ЅВЕЗДА ВО ЛА

Лејкерс го откачи играчот кој земаше 1.13 милиони долари по натпревар

Франшизата од ЛА конечно успеа да се ослободи од масивниот договор со искусниот крилен играч од В. Британија.

објавено: 3 септември 2018 - 09:00

Го раскинаа договорот со него, и направија голем „простор" во „селари-капот" за наредното лето.

На тој начин Денг остана без 7.5 милиони долари од оние 36. кои му следуваа според договорот. Лејкерс ќе го исплаќаат Британецот во наредните три години.
Денг потпиша договор со Лејкерс во 2016 година, во време на големиот пораст на „селари-капот". И за тоа време заработи 64.милиони долари, а поради бројните повреди одигра само 57 мечеви.
Тоа значи дека заработувал по 1.13 милиони долари по натпревар.

Овој финансиски маневар ќе им отвори на „езерџиите" многу простор во „селари-капот" – околу 38.милиони долари, па во летото 2019 година, тимот од Лос Анџелес ќе може да потпише уште еден играч со максимален договор. Па затоа се поизвесно е дека Леброн Џејмс и младиот тим околу него следното лето ќе добијат уште едно големо засилување.
Во првата сезона со Лејкерс Денг одигра 56. натпревари со просек од 7.6 поени, 5.3 скока и 1.3 асистенции.
Во другата сезона само еден...
Екс играчот на Лејкерс беше седми пик на драфтот на Феникс Санс во 2004 година. Но веднаш беше проследен во Чикаго каде помина цели десет сезони. Играше и за Кливленд и Мајами. Кога се ќе се собере, во својата кариера Денг заработи околу 165 милиони долари.

Најново во Кошарка