Никси добиваат нов тренер

Легендарниот Фил Џексон го презема Њујорк

објавено: 7 март 2014 - 19:10

Њујорк никс, 11. пласираната екипа во Источната Конференција, наскоро би можела да добие нов тренер а како најсериозен кандидат, се споменува американскиот стратег, Фил Џексон.

Екипата од Њујорк е огромно разочарување оваа сезона и иако поседуваат квалитетен состав, сепак, се наоѓаат далеку од првите осум места на табелата кои водат во плејофот. Според „ЕСПН“, во скоро време, поради резултатската криза и скорот 22-40, моменталниот тренер Мајк Вудсон ќе го напушти клубот а на негово место, ќе пристигне 68 годишниот Џексон, кој важи за тренер со богата историја во САД.

Доколку тој прифати да седне на кормилото на Никси, тоа ќе биде трета авантура за него во НБА Лигата. Претходно, тој ги раководеше екипите на Чикаго Булс и ЛА Лејкерс, со кои вкупно, освои дури 11 трофеи.

Најново во Кошарка