„КРАЛОТ" САКА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Леброн ја одби понудата на Кливленд, дали дефинитивно заминува за ЛА?

Леброн Џејмс ги информирал челниците на Кливленд дека ја одбива понудата од клубот вредна 35.6 милиони долари колку што би требало да добие според актуелнито договото за следната сезона. Но тоа сеуште не значи и дека и дефинитивно Џејмс ги напушта редовите на Кавалирс.

објавено: 30 јуни 2018 - 09:01

Најдобриот играч во Кливленд ја одби понудата за последната година од актуелниот договор, што значи дека станува слободен агент, и дека по втор пат по кариерата би можел да го напушти Охајо.

„Кралот" нема да го продолжи договорот со Кавс додека не ги разгледа другите понуди од клубовите, а во пракса пак тоа најчесто значи дека играчот го менува клубот.
Макар што во овој момент е нејасно кој клуб може да му понуди договор по негова мерка.
Најчесто споменуван е ЛА Лејкерс, екипа која има доволно простор во т.н. „селари-кап", во кој освен Џејмс, може да се „смести" уште еден играч од ол-стар калибар

Најново во Кошарка