ИАКО НЕ ГИ ДОНЕСЕ ЛЕЈКЕРС ДО ПОБЕДА НАД СПАРС

Леброн „гази", сега е шести на вечната листа на најдобри стрелци

Со 35.поени против Спарс, Леброн го претекна на листата неповторливиот Германец Дирк Новицки. Следни мети Вилт Чембрлен, па Мајкл Џордан...

објавено: 28 октомври 2018 - 09:00

Во дуелот со Сан Антонио Спарс, Леброн Џејмс беше на своето високо поентерско ниво. Запиша нови 35.поени во својата кариера. Сега доволни да избие на шестото место на вечната листа на играчи кои имаат најмногу дадени поени пред Дирк Новицки кој има 31.187 поени.

Со тоа, кошаркарот на ЛА Лејкерс исто така стана и најдобриот стрелец меѓу оние активни играли во НБА лигата.

Пред него, на петтата позиција е Вилт Чембрлен со 31.519 поени. А постои навистина реална шанса до крајот на сезона „Кралот" да биде подобар и од Мајкл Џорда кој е на четвртото место и има 32.292 поени.
Леброн Џејмс напредуваше и на уште една листа. Сега е на 4. место кај играчите според бројот на мечевите на кои имаат постигнато 30 или повеќе поени. Во оваа категорија Џордан е далеку најуспешниот.

Но тука не е крајот на достигнувањата на Леброн, кој напредуваше и до шестата позиција на листата на играчи со најмногу погодоци од игра.
Првото место го има Карим Абдул Џабар, а пред Леброн во оваа категорија е и Коби Брајант.

Најново во Кошарка