Рекорд во кариерата на „кралот“

Леброн Џејмс се надмина себеси, броеше до 61 против Шарлот (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на планетава постигна 61 поен во победата на Мајами против Шарлот со 124:107

објавено: 4 март 2014 - 10:51

Леброн Џејмс ги помести границите на своите можности и постави нов рекорд за постигнати поени на еден натпревар. „Кралот“ броеше до 61 на мечот против Шарлот, кој Мајами го доби со 124:107 и стана 18. кошаркар во историјата на НБА кој постигнал минимум 60 поени.

Човекот од горе ми дал неверојатни способности за кошарка. Јас само се обидувам да го искористам тоа секоја вечер. Ја имам довербата од соиграчите и од тренерскиот тим и само излегувам и го правам своето“, изјави Џејмс по натпреварот.

Со ова остварување Леброн надмина два рекорда кои стоеја на бројката 56. Неговиот личен (со Кливленд во 2005) и рекордот во тимската историја на Мајами, кој го постави Глен Рајс во 1995.

Најново во Кошарка