Сите го отпишаа, но тој најавува кам-бек

Крис Бош ќе се врати на НБА терените

„Да играм во Лејкерс со Леброн Џејмс?, Е, тоа би било одлично шоу“

објавено: 4 септември 2018 - 08:30

Можеби многумина го отпишаа, но Крис Бош се уште не го кажал последниот збор на кошаркарските терени. Иако имаше сериозни здравствени проблеми во текот на изминатите две години, двократниот НБА шампион не ја исклучува можноста повторно да се врати на паркетот.

„Да, сè уште размислувам за тоа. Се обидувам да надминам некои работи и со нетрпение го очекувам новиот предизвик. Сè уште можам да играм со топка и да бидам корисен. Знам дека тимовите се недоверливи поради мојата состојба. Тоа не ми пречи, но сакам да му дозволат да ги разубедам", изјавил човекот кој беше дел и од 11 НБА Ол-Стар изданија.

За последен пат Бош беше дел од екипата на Мајами, а вели дека и тоа како би сакал да се најде во ЛА Лејкерс заедно со Леброн Џејмс.

„Тоа би било одлично шоу", дополни носителот на златен олимписки медал од Пекинг во 2008 година.

Најново во Кошарка