СТАРТУВА НБА - КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ НА ИСТОКОТ

„КРАЛОТ Е МРТОВ": Четири „ловци" ја сакаат неговата круна

На чекањето му дојде крај...Вечерва тргнува новата сезона во НБА лигата во која не чекаат многу возбудувања. За време на летото, доста екипи менуваа, и во ростерите и во стручните штабови.

објавено: 16 октомври 2018 - 17:50

Истокот доживеа голема промена. Уште еднаш Леброн Џејмс го однесе својот талент од Кливленд, овојпат во Ел-Еј, па со самото тоа и Кавалирс испаднаа од трката за врвот во конференцијата.

Затоа пак се отвори простор за некои други тимови.
Па иако реално е дека Истокот е послаб од Западот, номиналната изедначеност ветува доста интересни моменти во текот на сезоната, каде во секоја од двете конференции екипите може да се поделат во четири категории: „предизвикувачи", „плеј-оф тимови", „долен дом" и „дно"...

ПРЕДИЗВИКУВАЧИ

Во оваа категорија има четири екпи, иако реално една се издвојува како нешто поквалитетна – Бостон Селтикс, кои и лани испаднаа во седмиот меч од конференциското финале со Кливленд.
Сега се број 1, не само поради тоа што тимот на Бред Стивенс не менуваше многу во текот на летото, туку сега чекаат на камбек на играчи како Брендон Хејворд, и секако Кајри Ирвинг.
За разлика од лани, сега „келтите" се потполно здрави, и може да тргнат по она што не стигнаа лани, макар до големото финале.

Летоска Торонто превзема ризик да направи трампа во која го доби Каваи Ленард од Сан Антонио, а таму го испрати Демар Дерозен. Во претсезоната се претстави и новиот тренер Ник Норс,кој пак веднаш реагираше со неколку важни промени. Пред се во поставеноста во играта во која еден Јонас Валанчунас беше седнат на клупата.
За разлика од нив Филделфија не само што не најде играч кој би направил разлика во однос на лани, туку Сиксерс останаа без Марко Белинели и Ерсан Илјасова, играчи кои даваа „ширина" во ростерот.
Кругот на предизвикувачи се затвора со Милвоки Бакс, екипа која изгледаше сјајно во претсезоната. Со нов тренер, Мајк Буденхолзер, кој донесе многу поголемо движење на топката во нападот, и со Малком Брогдон во првите пет.

ПЛЕЈ-ОФ ТИМОВИ
Индијана лани беше пријатно изненадување, но сега е знак на прашање дали Пејсерс може да го повторат тоа?
Ретко кога некои работи може да се случат како на пример, на Мајами во текот на ова лето кое е зад нас. Звучи неверојатно, но е вистинито, Хит не зема ниту еден играч, но и никој не си замина од Флорида.
Шарлот е уште една екипа која со помош на новиот тренер добива некоја поголема енергија. Џејмс Борего веднаш направи вистинска работа. Го тргна Кид-Гилчрист од првите пет, па Батум и Вокер не изгледале никогаш подобро од сега.
Што да се каже за Вашингтон, од екипа која требаше, беше проектирана да игра финале, сега стравува да стигне до плеј-офот.
Веројатно беше грешка што е донесен Скот Брукс, тренер кој не носи голем резултат, и пшто Џон Вол сеуште мисли дека е број 1, иако реално, тоа е Бредли Бел.
Во оние „спорни тимови" се и Детроит, па и Кливленд, каде Тајрон Лу ќе има доста работа да поправи она што може да се поправи по заминувањето на „Кралот" во Лос Анџелес.

ДОЛЕН ДОМ
Бруклин силно посакува (ше) да оди погоре, но сепак немаат толку добра екипа.
Истото важи и за очекувањата од Чикаго, каде работата ја расипа повредата на Лаури Марканен, за кого сеуште не се знае кога ќе се врати на паркетот.
Њујорк пак важи за едно големо „чистилиште" (од високите договорни обрски), а со повреден Кристапс Порзингинс, нема да биде изненадување ако се залепат на самото дно на Истокот.

ДНО
Таму е Орландо Меџик, и среќа за Меџик е што полоши од нив во овој момент се уште две екипи. Една е од Истокот, се вика Атланта Хоукс, другата е на Западот – Сакраменто Кингс.

ЗАКЛУЧОК
Уште на почетокот јасно е дека Западната конференција е и понатаму подобра од Источната. Но ќе биде доста интересно да се следи борбата во оваа конференција. Го нема веќе долгогодишниот владетел на Истокот предводен од „Кралот Џејмс", ловот за неговата позиција е отворен, а се чини дека и ловци има доволно...

ВЕЧЕРВА ИГРААТ:

02.00: Бостон - Филаделфија

04.30: Голден Стејт - Оклахома Сити

Најново во Кошарка