КРАЈ НА БИЛО КАКВИ ПОНАТАМОШНИ ШПЕКУЛАЦИИ

КОБИ: Никогаш нема да се вратам, тоа е тоа, готово е!

Пред некој ден, Коби Брајант наполни точни 40.години. Последниот натпревар во НБА лигата го одигра во 2016 година. Сепак не може да помине ниту еден ден, за некој да не објави можност петкратниот НБА шампион да се врати на теренот.

објавено: 27 август 2018 - 09:30

Пред некој ден, Коби Брајант наполни точни 40.години. Последниот натпревар во НБА лигата го одигра во 2016 година. Сепак не може да помине ниту еден ден, за некој да не објави можност петкратниот НБА шампион да се врати на теренот.

Коби одлучи да стави точка на сите овие шпекулации. Гостувајќи на ЕСПН, Брајант ја демантираше можноста да се врати кај Лејкерс и да одигра сезона со Леброн Џејмс, но и да заигра во лигата на раперот и глумец Ајс Кјуб (БИГ3).

„Нема шанси да се вратам и да играм. Готово е. Тоа е тоа" – не стана ниту едн промил на и околу дилемата, човекот кој постигна 33.643 поени во текот на кариерата помината во дресот на ЛА Лејкерс од 1996 до 2016 година.

Иконата на тимот од Лос Анџелес уште еднаш му пружи огромна подршка на Леброн Џејмс кој ова лето пристигна во легендарниот клуб.

"Ако сте мој фан, тогаш сте фан на победувањето, фан на Лејкерс. Мојата крв е пурпурно-златна, и сака мојот тим да де бори за титулата. А Леброн секогаш се бори за титулата" – Коби ја даде својата подршка за „Кралот Џејмс".

Најново во Кошарка