ЗА НЕГО ТИТУЛИТЕ НЕ СЕ МЕРИЛО

КЛАЈД: Дури и Дурент да го помине Леброн...

Легендарниот плејмејкер на Њујорк Никс, Волт „Клајд" Фрезие, говори за Кевин Дурент и шансите да го претекне Леброн Џејмс, и стане еден до најдобрите, иако го истканува фактот дека Кевин „отишол во тим во кој не бил потребен"...

објавено: 4 септември 2018 - 12:00

Фрезие, кој беше член на шампионските генерации на Никс во 1970 и 1973 година, стигна да ги коментира игрите на Кевин Дурент и неговиот „злогласен" премин во Голден Стејт во летото 2016 година.

"И понатаму би останал помалку резервиран спрема Кевин Дурент, без оглед на тоа колку сјаен играч е. Тој дојде во тим во кој не беше потребен, ако ме разбирате" – рече седумкратниот НБА Ол-стар.

"Тој е во линија со Леброн Џејмс, веројатно наскоро и ќе го помине на позицијата на најдобар играч на светот. Меѓутоа, дури и ако го направи тоа, не можам да му дадам комплетно почитување затоа што тоа не го направил со Оклахома Сити Тандер, односно освоил титула со тој тим"- дополни славниот плеј на Њујорк.

Од доаѓањето на Кеј-Ди во Голден Стејт, „воините" со убедливи игри дојдоа до две титули на шампиони во НБАлигата, а Дурент два пати беше најкорисен играч на финалето.

Најново во Кошарка