АКО НЕ ИГРА, АКО НЕ ТРЕНИРА, ЌЕ ЗАГУБИ 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

КАВАИ СЕ ПРЕДОМИСЛИ: Нема да прави проблеми во Торонто

Каваи Ленард беше трејдуван од страна на Сан Антонио, односно испратен во Торонто и покрај неговото противење на една таква одлука.

објавено: 20 јули 2018 - 10:00

Шпекулациите говореа дека ол-стар крилото е особено незадоволен, и дека ќе одбива да тренира во тимот од Канада, но ситуацијата полека се менува.
Според некои сознанија, во прв момент, Ленард воопшто немал намера да биде дел од Торонто. Од друга страна Репторс не сакале да чујат воопшто ништо за неговите проблеми, и не сакаа да ја исполнат неговата желба за размена во некој друг клуб. Според добро информирани извори, луѓето од канадската франшиза биле подготвени да го казнуваат Ленард за секој пропуштен тренинг односно натпревар.

Доколку Каваи ги пропушти сите мечеви и сите тренинзи, тогаш, за една година би загубил 20.милиони долари.
Сепак, работите полека се менуваат, и Ленард би морал да се помири со судбината дека ќе игра на Истокот и тоа во Торонто.

„Тој ќе игра, и ќе биде во тренинг кампот на Репторс. Здрав е, и она што ми е речено е дека тој полека се загрева за идејата да биде во Торонто. Сака да се покаже, а има и тим кој може да го победи секој друг во источната конференција. Сега е редот на Торонто да го убеди понатаму и да го вклучи во тимот"- вели Адријан Војнаровски од ЕСПН.

Ленард има само уште една година од важечкиот договор пред себе. И следното лето станува слободен агент. Но општо прифатено мислење е дека тој сакаше да премине во ЛА Лејкерс каде веќе дојде Леброн Џејмс.

 

Најново во Кошарка