САКААТ ДА БИДАТ САМО ПОДОБРИ, НИШТО ПОВЕЌЕ ОД ТОА...

КАРИ: Ние сме ја уништиле НБА, тоа е најглупавата изјава која сум ја слушнал некогаш!

Бекот на Голден Стејт и двократен МВП на лигата се осврна на критиките на медиумите поврзани со тврдењата дека нивниот тим се засилува и покрај тоа што е најдобар во лигата, и на тој начин ја прави НБА лигата неинтересна...

објавено: 13 јули 2018 - 12:30

Бекот на Голден Стејт и двократен МВП на лигата, Стеф Кари, се осврна на критиките на медиумите поврзани со тврдењата дека нивниот тим се засилува и покрај тоа што е најдобар во лигата, и на тој начин ја прави НБА лигата неинтересна...

„Сите велат дека сме ја уништиле НБА лигата - обожувам кога го велат тоа. Тоа е најглупавата реченица на сите времиња. Ние секогаш се обидуваме да бидеме подобри – дека сме среќни со тоа да го освоиме прстенот и да останеме таму каде што сме затоа што не би биле задоволни со себе"- вели според многумина, еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата.

„Јасно е дека ние се обидуваме постојано да бидеме најдобри, и да бидеме тие кои го диктираат темпото и нивото на квалитет во лигата. Тоа го праввме и во 2016 година кога во своите редови го донесовме Кевин Дурент, и сега, кога во тековниот преоден рок го придодадовме Демаркус Казинс. Како и многу други кои мечевите ги почнуваат од клупата за резервни играчи . Ние сме тие по кои другите тимови ги обликуваат своите тимови – да сакаат да нè победат. Тоа е сјајно, и јас тоа многу го сакам" – смета 30.годишниот Стеф Кари.

Под негово водство досега Голден Стејт освои три шампионски титули во последните четири сезони. А во сите три обиди Кари и „воините" беа подобри од Кливленд Кавалирс на Леброн Џејмс.

Најново во Кошарка