Поборник за легализација на канабисот

КАКВА ИСКРЕНОСТ НА КЛИФ: Без марихуана немаше да играм 18 сезони

Клифорд Робинсон помина на терените во најсилната лига на светот скоро две децении, и тоа играјќи за Портланд, Феникс, Детроит, Голден Стејт и Њу Џерси.

објавено: 6 септември 2018 - 10:00

Клифорд Робинсон помина на терените во најсилната лига на светот скоро две децении, и тоа играјќи за Портланд, Феникс, Детроит, Голден Стејт и Њу Џерси.
Во 1993 година беше најдобриот шести играч во НБА, а година ден потоа заигра и на собирот на сите ѕвезди во лигата.
Кога ја заврши својата НБА кариера, Клифорд влезе во бизнис со производство и дистрибуција на марихуана, што во некои држави во САД е дозволено. А и претходно беше голем заговорник за легализација на таа позната билка, и вели дека истата многу пати му помогнала во текот на кариерата.

„Ако играш 18 години во НБА и имаш најмалку 82 натпревари во сезоната, мораш да научиш да живееш со анксиозноста и мораш да научиш да се опуштиш. Канабисот секогаш ми помагаше во тоа" – вели Робонсон.

Од оние индивидуални признанија за време на долгата кариера, Клиф беше два пати избиран во дефанзивниот тим на лигата, а одигра вкупно 1.521 натпревар. Во просек бележеше по 14. поени по меч кои ги подели во пет различни екипи во НБА лигата.

Најново во Кошарка