ПОРАДИ ПОТРЕС НА МОЗОКОТ

КАКОВ МАЛЕР ЗА КАВАЛИРС: На „мајсторката" со Бостон без Кевин Лов

Седмиот и одлучувачки дуел против Бостон Селтикс во финалната серија на Истокот, кошаркарите на Кливленд ќе мора да го одиграат без помошта на еден од своите главни играчи

објавено: 27 мај 2018 - 16:05

Седмиот и одлучувачки дуел против Бостон Селтикс во финалната серија на Истокот, кошаркарите на Кливленд ќе мора да го одиграат без помошта на еден од своите главни играчи – Кевин Лов.

На шестиот меч од серијата од игран во Охајо, уште во раната фаза од играта, високото ркило доби потрес на мозокот по што повеќе не се врати во игра.


Поради истите проблеми, пред две години Лов пропушти еден меч од финалната серија од доигрувањето за титулата, а истото му се случи и во текот на март оваа година.
Седмиот дуел на Бостон и Кливленд кој ќе го даде финалистот од источната конференција ќе се игра ноќеска, од 02.30 часот по средноевропско време, во „ТД Гарден" во Бостон.

Најново во Кошарка