ТУРЦИЈА ГО ТУЖЕЊЕ И ГО ОСУДИ

Издадена потерница за апсење на Кантер!

Турското обвинителство издаде меѓународна потерница за апсење на кошаркарот на Њујорк Никс, Енес Кантер, објавија медиумите во неговата татковина...

објавено: 17 јануари 2019 - 13:30

Кантер е обвинет за поврзаност со вооружени групи кои наводно стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција, во 2016 година.

овој 26 годишен центар, кој во неколку наврати го окарактеризира претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган како диктатор, ги негира обвинувањата.
Нему пред две години му беше одземен турскиот пасош, но поседува „зелена карта" на САД.
Нешто порано овој месец Кантер најави дека нема да патува за Лондон со својот клуб на натпреварот против Вашингтон Визардс кој треба да се одигра вечерва во „О2 арената" како причина за една таква одлука турскиот кошаркар го наведе стравувањето од турските шпиуни.

„Постои шанса таму да бидам убиен"- рече Кантер во таа прилика.

Пред тргнувањето на тимот за Англија, Кантер се огласи и на социјалните мрежи, и истакна дека Владата на Турција нема никаков доказ дека тој го прекршил законот.

 

„Не сум добил ниту казна за погрешно паркирање во Америка. Го почитувам законот"- истакна Кантер, кој благодарение на „зелената карта" може да живее и да работи во САД без никакви ограничувања.

Најново во Кошарка