НЕМА ВЕЌЕ ПАЛЕЊЕ НА ДРЕСОВИ, НО...

ИГНОРИРАЊЕ ОД ПРВ СТЕПЕН: Во Кливленд се поретко се изговора и пишува Леброн Џејмс

Никому нема да им биде така лесно да се навикнат на тоа да го гледаат Леброн Џејмс во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, посебно не на навивачите на Кавалирс...

објавено: 11 август 2018 - 22:30

Фановите на Кливленд мораат да се помират со судбината, но и со фактот дека по втор пат за осум години останаа без својот херој. Но овојпат во Кливленд реагираат малку поинаку. Нема палење на дресови, но затоа пак својски се трудат да покажат дека „Кралот" нема толку да им недостасува.

Во текот на оваа недела беше објавен распроредот на одигрување на мечевите во претстојната сезона во НБА лигата, а во Кливленд имаше „посебна најава" во печатените медиуми.
Лејкерс им доаѓаат на гости на Кавс на 21.ноември а пред некој ден, на спортските страници на еден од најпознатите локални весници во насловот пишува:

„Лонзо Бол и Лејкерс во Кливленд на 21. ноември"...

А под тоа, со нешто помали букви, како поднаслов следното:

„Се очекува да игра и некогашниот играч на Кавс, Џејмс"...

Најново во Кошарка