ПРОБЛЕМИ ЗА КОШАРКАРОТ НА МИЛВОКИ

Грчки кошаркар трчал до салата зашто - немал пари за такси!

Антетокумпо парите што ги имал во себе ги испратил до семејството, а дури потоа сфатил дека ќе нема како да го плати патот до салата на „елените“

објавено: 6 март 2014 - 13:44

Грчкиот интернационалец во дресот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо, трчал до салата каде што неговиот тим требало да игра против Сакраменто кингс и тоа поради фактот што - немал пари да плати такси.

Дебитантот во НБА-лигата бил во подружница на „Вестерн јунион“ каде што праќал пари за своето семејство во Грција, но без да размисли го испратил целиот кеш што го имал во себе, па морал да потешкиот начин да дојде до арената каде што го очекувала пресметката со „кралевите“.

Најново во Кошарка