САКА ПОВЕЌЕ ПАРИ, И ДРУГА ИГРАЧКА СРЕДИНА

Џими Батлер одби сто милиони долари од Минесота?!

Сопственикот на Минесота Тимбервулфс, Глен Тејлор откри дека еден од најдобрите кошаркари на тимот од Минеаполис одбил да потпише нов договор и дека најверојатно за една сезона ќе си замине од таму...

објавено: 15 јули 2018 - 08:00

Договорот на актуелниот репрезентативец на САД со „волците" истекнува во летото 2019 година, а новата четиригодишна соработка вредна сто милиони долари решил да не ја прифати.

„Му понудивме продолжение на договорот. Неговите претставници дојдоа и рекоа дека ја ценат нашата понуда, но и дека ја одбиваат. Сакаат да го сочекаат крајот на следната сезона и да му пронајдат подобар договор. Сторивме се што можевме, но тие мислеа дека нешто друго е подобро за Џими."- кажа Тејлор во интервјуто за „ЕСПН 1500".

Интересно, ова не е и прв пат ол-стар крилото да направи еден ваков потег. Во пресрет на почетокот на сезоната 2014/2015 го одби понудениот договор од Чикаго Булс на 44.милиони долари, а само после една година и освојувањето на наградата за играч со најголем напредок, доби значително подобра понуда од „биковите" која тогаш вредеше 90.милиони.

„Џими превзема ризик. Може да има лоша сезона, или да се случи некоја повреда. Сепак, главна работа е да играме добро. Кога тимот игра добро, тогаш и тој но и другите ѕвезди во лигата ќе сакаат да играат за нас" – додава сопственикот на Тимбервулс.

Дваесет и осум годишниот Батлер во минатата сезона имаше просек од 22.2 поени. 5.3 скока и 4.9 асистенции по натпревар, и му помогна на клубот од Минеаполис да се пласира во плеј-офот за прв пат по пауза од цели 14.години.

 

Најново во Кошарка