РЕТКИ СЕ ВАКВИ МОМЕНТИ ВО НБА

Две „мајсторки" за финале, тоа не е видено уште од 1979 година!

Финалните серии во двете конференции во НБА лигата отидоа до самиот крај, и ќе се играат одлучувачките, седми натпревари по кои ќе бидат познати двата финалисти кои ќе се борат за шампионските прстени.

објавено: 27 мај 2018 - 21:00

Шампионот Голден Стејт се избори за седмиот меч по убедливиот триумф против Хјустон на домашен тере, само еден ден подоцна откако леброн Џејмс ги предводеше ланските финалисти, Кливленд кавалирс до изедначување во серијата со Бостон.

А во наредните две вечери нė очекуваат два спектакли. Двете финални средби и на Истокот и на Западот.
За последен пат било така во НБА лигата уште од 1979 година
Тогаш, во финалето на Истокот играа Вашингтон Булетс (сегашните Визардс), и Сан Антонио Спарс, кои се до 1980 година беа членови на источната конференција.
Спарс имаа предност од (3-1) во серијата, но тимот од главнито град на САД со голем пресврт се избори за место во големото финале.
На Западот пак, битките за таа позиција водеа Феникс Самс и Сиетл Суперсоникс. Бо натпреварот број 7, славеа „суперсоничните" со (114:110), кои го добија и финалето, и тоа во пет одиграни натпревари.

Најново во Кошарка