СЕ СПРЕМА ЗА ПРИЕМОТ ВО „КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ" СО ПОМОШ НА ФБ

Дино Раѓа: Денеска плачат после пет минути, а во 1988 година, подготовките за Олимпијадата во Сеул траеја пет месеци!

За неполна седмица, на посебна свеченост во Амњриканскиот Спрингфилд, Дино Раѓа ќе биде воведен во „Куќата на славните". Согласно со тоа неверојатниот хрватски центар ќе стане четвртиот жител на "Хал оф Фејм" кој потекнува од Хрватска, а покрај него, во друштвото на великаните ќе бидат уште и Реј Ален, Џејсон Кид, Стив Неш и Грент Хил...

објавено: 2 септември 2018 - 08:00

Поранешниот играч на Бостон Селтикс и член на легендарната генерација на сплитска Југопластика и на југословенската, подоцна и хрватска репрезентација, во деновите пред заминувањето за Америка, на својот Фејсбук профил се потсетува и во исто време им се заблагодарува на соиграчите, тренери и сите оние со кои работеше во текот на кариерата.

„Првата моја средба со Крешо Ќосиќ бепе на теренот. Дојде за тренер на Сплит во сезоната 1983/84 и доста пати останував на тренингот да гледам како го малтретира Собин и екипата. Доста работи кои ги правеше ги немав видено пред тоа. Неговиот поглед напред беше неверојатен. Беше селектор кога бевме на турнејата по Америка. Дивац, Паспаљ, и јас доцневме на ручек само една минута. Тој ден, инаку беше планиран за шопинг, а можете да го замислите шопингот во Америка во 1985 година. Кај нас немаше ама баш ништо. Бусот нè донесе пред огромнипт шопинг центар, а Крешо вика: "Вие тројца, поради казна, ќе останете два часа пред вратата. После половина час, отоако проценивме дека сите се влезени во центарот, одлучивме да влеземе и да купиме нешто во првата продавница. Но штом поминавме преку влезната врата, еве ти го Крешо... „Не не господа, Вие не". Каков крал... Почивај во мир, и ти благодарам за се"- се потсети Димо од една епизода од случките со големиот Ќосиќ.

После Крешо, дојде редот на Дуда, на српскиот тренерски великан, Душан Ивковиќ, за кој Раѓа има само зборови на благодарност...

„Уште еден од кој научив доста работи. И колку некој да помислил дека било „Дај му ја топката на Дражен, Тони, Владе или на Дино, и се е решено", не беше така. Сето тоа требаше да се воигра. Таа четиригодишна комбинација на клупски тренери и тој, сите нас нè исфрлија во орбитата. Подготовките траеја од три до пет месеци. Да, да... Олимписките игри во Сеул 1988година. Првиот ден на подготовките беше на 3. мај, а враќањето дома, на 3. октомври. Тренингот беше следниот ден, во десет часот. Па денеска велат дека се уморни и дека не можат да играат. Кај Дуда владееше дисциплина, и тука немаше ѕвезди. Секој таков обид беше 'сечен во корен'. Исто викаше и на Дражен, но и на последниот во низата...“– напиша Дино Раѓа.

Најново во Кошарка