ЌЕ ЈА ИГРА СВОЈАТА 21 СЕЗОНА ВО НБА ЛИГАТА

„Дедо“ Винс Картер на 41. година потпиша за Атланта

Најстариот играч во НБА не се откажува, а и како би се откажал кога му даваат 2,4 милиони евра по сезона 

објавено: 26 јули 2018 - 11:45

Некогашниот најдобар забивач во НБА лигата, Винс Картер, сега ги поместува границите по прашањето кога еден играч треба да се пензионира. „Дедо“ Картер потпиша за Атланта хокс и на 41 година уште ќе биде дел од НБА терените. 

Алтанта летово драстично го подмлади тимот па основна цел ан Картер ќе биде да го предаде своето знаење и искуство на помладите. Интересно е што Картер покрај себе на теренот ќе го има 19-годишниот бек Тре Јанг, кој е роден три месеци откако Картер дебитираше во НБА лигата. 

За Картер Атланта ќе биде негов осми клуб во кариерата. Дебитираше за Торонто, а потоа играше и за Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис и Сакраменто, каде минатата сезона во просек даваше 5,4 поени на меч. 

За едногодишниот договор со Атланта, „јастребите“ се сложија да му платат 2,4 милиони долари на 41-годишниот ветеран. 

Најново во Кошарка