НЕ Е НЕРЕАЛНО, ВОДСТВОТО Е УБЕДЛИВО

АКО СЕ СЛУША ГЛАСОТ НА НАВИВАЧИТЕ: Дончиќ ќе биде „руки на годината"

Новиот кошаркар на Далас Маверикс ќе биде прогласене за „дебитант на годината" во НБА лигата велат анкетите на ЕСПН...

објавено: 8 август 2018 - 17:30

Младиот, 19.годишен Словенец, кој ова лето беше избран како трет пик на драфтот, добил дури 58% од гласовите на испитаниците.

Второто место во оваа анкета го зазема новиот центар на Феникс Санс, Диандре Ејтон. За првиот пик на драфтот гласале 24%, додека зад него е новиот кошаркар на Сакраменто Кингс, Марвин Бегли „третиот", со само три проценти од гласовите.
Наградата за „руки на годината" се доделува од 1953 година. А низ историјата ја освојувале играч икако Вилт Чембрлен, Оскар Робертсон, Шекил ОНил, и Леброн Џејмс.
Ланскиот освојувач пак е Бен Симонс од Филаделфија 76.
Единствениот Европеец кој ја добил оваа престижна награда е Пау Гасол, во 2002 година.
Дали Дончиќ може да тргне по стапките на Шпанецот?

Најново во Кошарка