СЕ НАЈАВУВА ЛИ ПРОМЕНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА НА МКФ

Наумоски си заминува, Темелковски негов наследник!?

Петар Наумоски можно е да ја напушти претседателската функција на Македонската кошаркарска федерација.

објавено: 17 август 2018 - 14:59

Да потсетиме, тој годинава ја доби довербата на Вонредното собрание да остане на чело кога против кандидат му беше Владо Илиевски.

Наумоски останува претседател се до месец мај наредната 2019. година кога ќе му истече мандатот.

Можно е како негов наследник на функцијата претседател на федерацијата да биде назначен Владимир Темелковски, спортскиот директор на МКФ.

Темелковски кон крајот на февруари годинава беше промовиран како нов спортски директор на МКФ чиј интерес е секако да се зборува за доброто на македонската кошарка и дека е потребна нејзина промоција, создавање на подобри услови и полни сали.

Најново во Кошарка