по втор пат за само еден месец, уништен графиот на „Кралот“

Лос Анџелес не го сака Леброн Џејмс (Фото)

Првата ѕевзда во НБА лигата, летово потпиша четиригодишен договор со Лејкерс

објавено: 22 јули 2018 - 20:50

Леброн Џејмс летово реши да го смени дресот и потпиша за тимот на Лос Анџелес Лејкерс. За четири години во еден од најтрофејните клубови во НБА, Леброн ќе добие 153,3 милиони долари. Иако е најголема ѕвезда во лигата, Џејмс дефинитивно не е меѓу омилените кај дел од навивачите на Лејкерс. 

По втор пат за само еден месец, графитот кој е посветен на Џејмс е уништен. На графитот, Леброн гледа во легендите на Лејкерс Коби Брајант, Шекил О'Нил, Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар и Вилт Чемберлен, кои се смешкаат над двете историски арени во кои играа Лејкерс (Стејпл Центар и Грејт Вестерн Форум). 

Незадоволни фанови на Лејкерс со бела боја го извалкале делот каде што е нацртан Леброн Џејмс, покажувајќи дека „Кралот“ не е добредојден во нивниот тим. 

Најново во Кошарка