КУП ПЕХАРОТ ВО РАЦЕТЕ НА МЗТ СКОПЈЕ

Кочов: Не жалиме што би се сретнале со Работнички во полуфинале, а не во финале

Бранителот, МЗТ Скопје го прими го ланскиот Куп пехар во трајна сопственост.

објавено: 11 февруари 2019 - 14:07

Желбата на сите осум екипа е една, колку и да сака секој учесник да се „залажува“ дека е важно да се учествува...А токму на ваквите натпреварувања како што е Купот на Македонија, изненадувањата не изостануваат, па оние тимови од сенка ќе чекаат шанса за сензација.

Бранител е МЗТ Скопје, денеска во Негорски Бањи, тренерот, Ѓорѓи Кочов го прими пехарот во трајна вредност и притоа ги изнесе своите очекувања за дуелот со Кожув, и секако „скратената“ шанса во финалето да се сретне со градскиот ривал, Работнички.

„Ние како МЗТ мора да дадеме максимум за да го одбраниме купот, а дали ќе успееме, ќе видиме на крај, јас се надевам дека ќе биде така. Сите екипи се засилени, очекувам добра кошарка, нека победи најдобриот. Да се стигне до евентуално полуфинале со Работнички, треба прво да го поминеме домашниот Кожув, и затоа не мислиме на полуфиналето. Не жалиме што би се сретнале со градскиот ривал во полуфинале, а не во финале. Ако сакаш да освоиш куп, треба секого да победиш".

Еден од ко-организитароте на ова натпреварување, Кожув ќе има тешка задача, токму да го сопре МЗТ Скопје.

„Верувам дека овој Куп ќе биде одлично организиран. Бевме сведоци на последниот настап на националниот тим. Не чека натпревар со МЗТ, имавме големи промени во ростерот. Потајно посакуваме да направиме изненадување Апостоли Апостолов, играч Кожув:
Кожув по пауза од една година пак е во Купот. Нема фаворити тука. Играме пред наши навивачи, се надевам дека ќе успееме да го изненадиме МЗТ и да ја израдуваме нашата публика“, вели Александар Јончевски, стратегот на Кожув.

На прес-конференцијата не беше Марин Докузовски, главниот предводник на Работнички, еден од конкурентите за пехарот, во негово отсуство говореше помошникот, Игор Михајловски.

 

 
 
 
View this post on Instagram

Подготвени за Куп на Македонија 2019 !

A post shared by MacedonianBasketballFederation (@mkf.mk) onFeb 11, 2019 at 4:32am PST

Најново во Кошарка