ПРЕД НАСТАПОТ НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“

Јуниорите ги завршија подготовките со победа над Ирска

Македонската јуниорска репрезентација која ова лето ќе не претставува на Европското првенство, дивизија „Б", во Скопје подготовките ги заврши со триумф.

објавено: 20 јули 2018 - 20:59

Последниот пријателски натпревар за овој подготвителен период избраниците на Панче Милевски го одиграа против Ирска на домашен терен

Нашите кошаркарски надежи во овој контролен меч запишаа победа од 68:57 односно 19-11, 25-11, 15-16 и 9-19 по четвртини.

Андреј Јакимовски постигна 20 поени, десет имаше Темелковски. Поен помалку запиша капитенот Стојановски, осум поени реализира Миса, Панов - 7, Какруки запиша шест поени зад своето име додека Исајлоски и Здравевски придодадоа по четири поени.

Најново во Кошарка