Нема пехар за нашиот млад кошаркар

Плус осум од Нено, минус осум за Хувентуд

Екипата од Бадалона го загуби финалниот дуел на турнирот во Овиедо. Подобар од нив беше аргентинскиот состав Обрас Санитариас (70:78).

објавено: 17 септември 2018 - 21:30

Уште една сосема солидна игра прикажа Ненад Димитријевиќ за време на подготовките пред стартот на новата сезона во шпанската Ендеса лига.

Младиот бек и неговиот Хувентуд играа во финалето на турнирот во Овиедо. Но за жал, не стигнаа за трофејот, затоа што во големото финале загубија од аргентискиот прволигаш Обрас Санитариас (70:78).

Димитријевиќ доби доста солидна минута, остана на теренот скоро 18.минути во кои реализираше осум поени (2/4 за три и 1/1 за два поени).

Освен тоа имаше и четири успешни додавања и еден скок пред да ја направи петтата лична грешка.
По турнирот во Овиедо, следно е гостувањето на Хувентуд кај Палма Де Мајорка

Најново во Кошарка