ВЛАДИМИР МИРКОВСКИ ЈА ТУРКА ТРЕТАТА ТРЕНЕРСКА СЕЗОНА ВО КИНА

„Нова сила" на македонски погон!

"Договорот ме врзува со New Power sport до јуни 2019. Ме очекува напорна сезона бидејќи во моментов покриваме четири града, тренер сум на Колеџ тимот Trade Union Guangzhou што е голем предизвик за мене и нашата академија. Исто така се подготвуваме за САД , бидејќи остваривме соработка со кошаркарскиот камп на Џејмс Харден"

објавено: 12 јуни 2018 - 20:20

Оваа година, Мирковски ќе биде дел од New Power Sport Guangzhou Кина.

А нашиот млад стручњак покрај обврските како тренер ќе ја има и менаџерската улога за селектирање на домашни и странски тренери и кошаркари.


После неколкуте ангажмани во Кина Show1 Beijing ,Rise sport Foshan, Jump Shanghai , Pany Orcas Guangzhou и најновиот New Power Sport, ова ќе биде ваша трета година во Кина, како би го опишале животот таму?

„Guangzhou е големи интернационален град. Не сакам да ги генерализирам народите и менталитетот, верувам дека секаде луѓето се слични на некој начин. Само политичката и економската стабилност и животната средина ги одредуваат разликите во однесувањето и реакциите. Кина е водечка економија во светот, постојано се инвестира во спортот, особено сега непосредно пред Светското првенство 2019 година. кошарката станува многу популарна"- вели Мирковски.

Кој е New Power sport academy и која е вашата улога таму?

„New power e формирана 2017 година од страна на господин Лау Ху голем љубител на кошарката и човек со визија.Во моментов нашата академија работи во четири града:Beijing,Foshan,Guangzhou и Shaoguan, a во план е до крајот на 2019 година да се прошириме во десет градови во Кина и во Европа. Јас сум првиот Европски тренер во академијата кој ќе работи со Колеџ тимот на Trade Union Guangzhou, воедно ќе видам задолжен за обука на млади тренери во рамките на програмата за професионален развој на студенти од Guangzhou sport university".

Како ги коментирате Азиските квалификации за светско првенство за кошаркари до 16 години, кој се одржаа во Foshan?

"Од 2 до 8 април се одржаа Азиски квалификации за кошаркари до 16 години во Foshan.
Австралија заслужено го освои првото место бидејќи прикажаа најконстантна игра во текот на целиот турнир, во финалето беа подобри од кошаркарите на Кина.

Во рамките на првенството се сретнав со Професорот Ненад Труниќ од Белград кој е селектор на Иран и координатор на сите репрезентативни категории и еден од ФИБА предавачите. Договоривме понатамошна соработка како и вклучување на дел од иранските тренери во работата на New Power.


Какви се плановите за во иднина?



"Договорот ме врзува со New Power sport до јуни 2019. Ме очекува напорна сезона бидејќи во моментов покриваме четири града, тренер сум на Колеџ тимот Trade Union Guangzhou што е голем предизвик за мене и нашата академија. Исто така се подготвуваме за САД , бидејќи остваривме соработка со кошаркарскиот камп на Џејмс Харден кој ќе се одржи во Guangzhou i Huston ова лето"- дополнува нашиот тренер на не баш привремена работа во Кина,


Јасно е, на Македонија и се потребни млади тренери со нови идеи, бидејќи без квалитет на стручен кадар нема напредок. Имаме потенцијал, и зависи од нас да го искористиме најдоброто што го знаеме и што можеме. Ако го сториме тоа, времето ќе биде најдобриот показател.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка