БЛЕСКАВО ИЗДАНИЕ НА МЛАДИОТ МАКЕДОНЕЦ ВО МАДРИД

И „кралевите" симнуваат капа за играта на Нено! (ВИДЕО)

Не е мала работа да бидеш стрелец на 15. поени против европскиот клупски шампион. Но веројатно тоа е малку за некои македонски состојби во репрезентативната кошарка.

објавено: 15 октомври 2018 - 16:30

Од ден на ден се собираат се повеќе докази за онаа катастрофална одлука која пред извесно време ја донесе Дисциплинската комисија на МКФ.

Да му изрече шестмесечна суспензија на веројатно нашиот најталентиран кошаркар во овој момент.
Не може поинаку да се оквалификува една таква одлука, освен дека е далеку од границите на здравиот разум и расудување.
А се чини дека токму тој момент креиран од страна на федерацијата, го натера Ненад Димитријевиќ на уште пожестока работа, и се разбира, уште подобри игри од оние досегашните.
Кулминација на сето тоа беше неговиот неделен настап против најдобриот тим во Европа, па можеби и во светот, секако, со исклучок на оние 30.клубови кои се дел од НБА лигата.
Во четвртото коло од најсилната шпанска кошаркарска лига составот на Хувентуд Бадалона загуби убедливо на гостувањето кај Реал Мадрид со (92:69).

Но во првите три четвртини не изгледаше така, односно дека на крајот домаќините ќе дојдат до висока победа, затоа што по 30.минути игра во Мадрид беше (65:60) во корист на „кралскиот клуб".
Сепак, во последните 10. минути целосна доминација на Реал Мадрид кои ги реализира со 27:9 што беше клучно за освојување на бодовите и вкупно четврти триумф по ред сезонава.
За Хувентуд ова е втор пораз во шампионатот. Но многу побитно за сите нас, веројатно не и за МКФ, е тоа дека блескаше еден македонски кошаркар.
Ова гостување, најтешко во сезоната, Ненад Димитријевиќ го заврши како прв стрелец на Хувентуд. Со 15. реализирани поени (5/10 од поле, 1/3 за три, 2/2 од слободните фрлања).
А за нешто над 25. минути игра на паркетот нашиот плејмејкер додаде уште три скока и две асистенции.
Малку ли е?

Најново во Кошарка