ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ТАЛЕНТ

Ѓуроски со Луизијана стејт до конференциска титула во НЦАА-лигата!

објавено: 7 март 2014 - 20:21

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски, оствари успех вреден за почит во САД откако тимот на неговиот Луизијана тек универзитет стана конференциски шампион во престижната НЦАА-лига, и со големи шанси за висок пласман влезе во плејоф-доигрувањето меѓу 64-те најдобри универзитетски екипи во колевката на кошарката.

„Булдозите“ од Луизијана остварија убедлива победа на синоќешниот меч против Рајс колеџот (70-48) со што го обезбедија првото место во САД-конференцијата со скор 25-6, а во која еден од најголемите кошаркарски таленти кај нас учествуваше со еден поен постигнат за три минути игра. Ѓуроски сезонава настапи на 21 средба за Луизијана тек со нецели пет минути просечно минати на паркетот и со просек од 0,8 поени и 1,2 скока по меч.

1970812_10202575304119042_1721869053_n

Дваесет и две годишниот гостиварец трета сезона по ред настапува за овој престижен американски универзитет, кој од него има сериозни очекувања во следниот шампионат со оглед на тоа што треба да биде еден од носителите на играта како член на „варсити“ екипата во која спаѓаат кошаркарите кои се на последната година од универзитетското образование.

Тој лани беше дел од репрезентацијата на Македонија на Европското првенство (ЕП) во Словенија, каде што не доби преголема шанса од селекторот Алеш Пипан. Но и покрај тоа, во моменти кога добиваше шанса, пред се на пријателските средби во подготвителниот период, Ѓуроски на најдобар покажа дека е светла иднина на македонската кошарка, кој ќе биде еден од нсоителите на играта на националниот тим во следниот период.

Најново во Кошарка