„КРАЛЕВИТЕ“ ИМАА ФУРИОЗЕН ФИНИШ

Димитријевиќ прв стрелец против Реал Мадрид

Денеска во четвртото коло од најсилната шпанска кошаркарска лига составот на Хувентуд Бадалона загуби убедливо на гостувањето кај Реал Мадрид со 92:69.

објавено: 14 октомври 2018 - 14:27

Во првите три четвртини не изгледаше така дека на крајот домаќините ќе дојдат до висока победа (22:23, 22:16, 21:21).

Но, во последните 10. минути целосна доминација на Реал Мадрид кои ги освои со 27:9 што беше клучно за освојување на бодовите и вкупно четврти триумф по ред сезонава.

За Хувентуд ова е втор пораз во шампионатот, блескаше македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ како прв стрелец со 15 поени (5/10 од поле, 1/3 за три, 2/2 од слободните фрлања).

За нешто над 25 и пол минути игра на паркетот нашиот плејмејкер додаде уште три скока и две асистенции.

Најново во Кошарка