ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЅВЕЗДА НЕОДРЕДЕНО ЗА ИДНИНАТА НА АНТИЌ

ЧОВИЌ: Ќе видиме, на Перо му истекна договорот...

Нашиот интернационалец е еден од тројцата играчи на кои ова лето им престануваат договорните обврски кон српскиот првак, па е неизвесно, во неговиот случај, пред се, дали ќе биде продолжена...

објавено: 16 јули 2018 - 13:40

Ниту најодговорниот човек во белградска Црвена Ѕвезда, Небојша Човиќ, во овој момент не може да даде прецизен, односно конкретен договор дали во следната сезона „црвено-белите" ќе го имаат на располагање Перо Антиќ.

Човиќ признава дека Перо Антиќ е еден од тројцата кошаркари на кои ова лето им истекнаа договорните обврски спрема клубот од „Малиот Калемегдан".
Запрашан околу иднината на тимот во кој од пред еден ден Милан Томиќ е поставен за нов шеф на стручниот штаб, Човиќ го ставил тоа во една реченица.

„На Рочести, Омиќ и на Антиќ им истекнаа договорите со клубот"- кажа Човиќ за српските медиуми.

Доста неодредена реченица во која не може да „се познае" дали Перо Антиќ и во следната сезона ќе биде дел од неговиот „омилен клуб".
Факт е и тоа дека многу работи ќе зависат од идеите на новиот тренер, со кој патем речено, Антиќ имаше одлична соработка кога беа дел од атински Олимпијакос.
Ако некој добро ги познава квалитетите на македонскиот крилен центар тоа дефинитивно е и Милан Томиќ, кој долги години беше во стручниот штаб на Олимпијакос, каде заедно со Антиќ стигнаа и до шампионската титула во Евролигата.
Не и исклучено, како што се вели во соседството, ова лето Антиќ да стави и крај на својата богата играчка кариера.

 

Најново во Кошарка