НА СОСТАНОКОТ ВО МОСКВА

ВТБ МЕНУВА: Се враќа плеј-офот, се враќаат и Пољаците

Зјелона Гора ќе биде новиот учесник во силната конкуренција, нема веќе „фајнал-фор" турнир...

објавено: 20 јули 2018 - 15:30

Раководството на ВТБ лигата не е премногу задоволно од актуелниот момент во кој живее и работи ова натпреварување, па реши да направи неколку измени.

Една од основните е дека во друштвото на екипите кои догодина ќе атакуваат на место кое води во Евролигата е примена полската Зјелона Гора.

„За нас е голема чест. Ќе се натпреваруваме со најсилните клубови во Европа"- порача првиот човек на полскиот клуб, Јануш Јаснски.

Засега, не е јасно како оваа одлука може да влијае на учеството на Зјелона гора во полскиот шампионат, меѓутоа ова не е прв пат една полска екипа да биде дел од ВТБ конкуренцијата.
Претходно се натпреваруваа и Асеко Проком Гдиња (2010-2012) но и БОТ Туров (2012-2014).
На состанокот на клубовите во Москва беше одлучено и тоа, во сезоната 2018/2019 за шампионот да се одлучува во плеј-оф. За потсетување, мината сезона е организиран "фајнал-фор", но ваков систем на натпреварување не го донесе посакуваниот ефект-резултат.

Најново во Кошарка