ЕВРОЛИГА - СЕЗОНА 2018/2019

Стартот на 11. октомври, Будуќност дебитира дома против „манекените" од Милано

Познат е распоредот за премиерната рунда од новата сезона...

објавено: 10 јули 2018 - 14:00

Во текот на утрешниот ден, раководството на Евролигата ќе го исфрли комплетнито распоред на натпреварите. А ден порано во јавноста излегоа само двојките за премиерната рунда.

Она што е најважно е дека новата сезона 2018/2019 почнува на 11.октомври (четврток).
Како претставник на АБА лигата се пласираше екипата на Будуќност од Подгорица, која во првото коло ќе игра против Олимпија од Милано.
Интересно е и тоа дека во првото евролигашко коло ќе се сретнат ланските победници на Евролигата – Реал Мадрид и на Еврокупот – Дарушафака.

Двојки за прво коло – сезона 2018/2019

(11.10.2018 год): Будуќност – Олимпија, ЦСКА – Барселона, Панатинаикос – Макаби, Реал Мадрид – Дарушафака
(12.10.2018 год): Баерн – Анадолу Ефес, Фенербахче – Гран Канарија, Химки – Олимпијакос, Жалгирис - Басконија

Најново во Кошарка