СУДИСКА СОРАБОТКА НА НАЈВИСОКО НИВО

Со знакот на ФИФА, Мажиќ им предаваше на кошаркарските судии во ФИБА

Еден до најдобрите фудбалски судии во Европа и во светот говореше на семинарот во организација на светската кошаркарска федерација пред своите кошаркарски колеги кои ќе ја делат правдата на претстојните натпревари од ФИБА Лигата на Шампионите.

објавено: 7 септември 2018 - 11:30

Причината поради која ФИБА го повика ФИФА и УЕФА судијата Милорад Мажиќ била желбата Србинот да им ја пренесе важноста на физичката и менталната подготвеност за еден голем фудбалски натпревар.
Српскиот арбитар исто така говореше и за своите искуства од натпреварите во Лигата на Шампионите.

На семинарот во Прага, освен Мажиќ, свои размислувања, видувања имале и судии од НБА лигата.
А повеќе до 30 судии од ФИБА лигата на Шампионите ги слушаа предавањата пред стартот на новата сезоба која ќе биде трета по ред во ова натпреварување кое го организира Светската кошаркарска федерација.
Светската „куќа на кошарката" генерално има голем проблем со квалитетото на судењето во последно време, затоа што после расколот односно поделбата со Еврологата најелитните судии не судат мечеви организирани од ФИБА.

Најново во Кошарка