ПРЕСЕЛБА ВО КНЕЖЕВСТВОТО

Сашо Филиповски е „виден" за нов „шеф" на Монако

„Спортандо" тврди дека Македонецот со словенечки пасош, ќе го замени Звездан митровиќ на првата тренерска позиција во овој француски прволигаш.

објавено: 20 јуни 2018 - 20:05

Сашо Филиповски ја заврши својата епизода како тренер на турскиот Банвит. Иако имаше одлични резултати во оние две години колку што беше на кормилото на тимот од Бандирма, се чини тоа не беше доволно за Филиповски да остане во Турција и на подолг период.
Но се чини дека родениот скопјанец нема проблем околу тоа каде ќе ја продолжи својата успешна тренерска кариера.
Пред се поради оние последни гласови, се чини дека ќе добие уште подобро работно место.
И тоа во прекрасното кнежевство Монако.

Добро упатениот новинар во француската кошарка, Фред Вајс, најавува дека Македонецот со словенечки пасош ќе биде наследникот на Зоран Митровиќ на клупата на Монако, инаку финалистот во ФИБА Лигата на Шампионите (поразен од атински АЕК), и финалист на плеј-офот во Франција (во моментов губи со 2-1 во серијата против Ле Ман).

Најново во Кошарка