НАЈАВА ЗА ВИСТИНСКА „БОМБА" ВО ИСТАНБУЛ

Обрадовиќ го сака Теодосиќ покрај себе во „Фенер"?

Турците тврдат дека Милош Теодосиќ е голема желба на најдобриот тим во земјата.

објавено: 22 јуни 2018 - 16:25

Според пишувањето на турските медиуми, доколку племејкерот на ЛА Клиперс, не остане во овој клуб од НБА лигата, Жељко Обрадовиќ би сакал да го види во редовите на неговиот клуб.

Скоро извесно е дека ова лето Бред Вонамејкер ќе го напушти шампионскиот тим на „сино-жолтите"од Истанбул, но и тоа дека освен Теодосиќ, во нотесот на најтрофејниот кошаркарски ртенер во Европа е запишано името на уште еден одличен кошаркар.
Станува збор за малком Дилејни, одличниот американски бек кој ја заврши својата епизода во Атланта Хоукс, и е слободен во изборот на новата играчка средина.
А според сознанијата на турските средства за информирање, освен „Фенер", за неговите услуги е заинтересиран и големиот ривал од Истанбул, Анадолу Ефес, но и клубови од Кина.

 

Најново во Кошарка