Не е се во парите, има и посилно од тоа

ОБРАДОВИЌ Е ЈАСЕН: Парите немаат врска со играњето за репрезентација

Жељко Обрадовиќ е секогаш „интересен" за медиумите, особено кога гостува во Хрватска.

објавено: 23 септември 2018 - 15:05

Најтрофејниот европски тренер го донесе Фенербахче уште еднаш во Задар, на можеби најсилниот евролигашки турнир а време на подготвителниот период. Доволен мотив кај новинарите во Хрватска да го запрашаат за некои „патриотски работи", со алудирање на последните неуспеси на нивниот национален тим во квалификациите за СК 2019 година во Кина.

На прашањето дали има вистина во тоа дека играчите ја сфаќаат репрезентацијата како своевиден одмор од напорните клупски обврски, Обрадовиќ на тоа одговара дека најмногу зависи од тоа каква личност сте всушност.

„Никогаш не сум имал проблем со најголемите ѕвезди. Тоа колку пари имаш на сметката нема врска со играњето за репрезентацијата. Оној кој сака, секогаш ќе се отповика на повикот. А кога ќе дојдеш во репрезентацијата мораш нормално да се однесуваш"- смета трофејниот стручњак на кормилото на Фенербахче.

За потсетување, голем број на национални селекции скоро секој ФИБА „прозорец" (а поминаа четири) се соочуваат со истиот проблем. Брoјни откази на играчите кои настапуваат за клубовите во НБА и во Евролигата, затоа што така ги „советуваат" клубовите.
Сепак, завршен збор дали ќе се јават на повикот на селекторот на својата земја имаат играчите.

Најново во Кошарка