„ЛА БОМБА" НЕ СЕ ПРЕДАВА

НЕ Е КРАЈ, ВЕЛИ НАВАРО: Одиме уште една...

На 13 јуни, Хуан Карлос Наваро ќе наполни 38.години, но вели дека нема намера да се повлекува од кошарката, и дека сака да игра само уште една сезона...

објавено: 12 јуни 2018 - 18:00

Низ текот на кариерата која влезе во третата деценија, Хуна Карлос Наваро постана симбол на Барселона, и синоним за успесите на каталонскиот клуб.
По завршувањето на ова издание на Евролигата, никој не беше сигурен дали Наваро ќе продолжи да се занимава со кошарката и следната година. А со оглед на тоа дека Барселона беше елиминирана во полуфиналето на плеј-офот во Ендеса лигата, популарниот „Ла бомба" ја објави својата одлука:

„Не сакам да си заминам вака, со пораз. Би сакал да бидам дел од еден конкурентен тим во Евролигата, а ние не сме на тоа веќе со години" – кажа Наваро после елиминацијата од Басконија.

Наваро бепе дел од шампионскиот тим на Барса во 2003 и во 2010 година. Беше најкорисен играч на Евролигата во 2009, пред тоа и најдобар стрелец, додека во 2014 беше прогласен за играчка легенда.
Но во оваа сезона играше само по 14.минути по натпревар, а постигнуваше по шест поени по натпреварот.
Целата своја кариера, коај почна во 1997 година, Наваро и ја посвети на Барселона, освен што една сезона помина во НБА лигата, и тоа како играч на Мемфис Гризлис.

Најново во Кошарка