АКО МЕНАЏЕРОТ ВЕЛИ ТАКА...

НАЈВАЖНА Е НАСМЕВКАТА: Бјелица се враќа во „Фенер"?

Иако делуваше дека е се договорено со Филаделфија, некогаш најкорисниот играч на Евролигата Немања Бјелица најверојатно ќе се врати на „местото на злосторството", во Истанбул, кај Жељко Обрадовиќ...

објавено: 19 јули 2018 - 16:30

Каде ќе игра Немања Бјелица во следната сезона е прашањето на кое деновиве се бара дефинитивниот одговор.

Многумина мислеа дека ќе остане во НБА лигата (официјална понуда од Филаделфија, неофицијална од Сакраменто), се чини дека негова следна дестинација сепак ќе биде Европа.
На својот твитер профил неговиот менаџер Александар Рашковиќ објави една интересна фотографија на која следува и „потпис".

„Насмевката е најважната работа во животот... Немања Бјелица и неговиот тренер" - напиша Рашковиќ и најави дека Бјелица би можел да се врати во истанбулски Фенербахче, каде веќе соработуваше со Жељко Обрадовиќ во периодот од 2013 до 2015 година, кога и беше избран за најкорисен играч во Евролигата

Најново во Кошарка