СОСЕМА ОЧЕКУВАНА ОДЛУКА

ЛУКА ДОНЧИЌ ИЗЛЕГУВА НА ДРАФТ: Но прво оди по титулата во Шпанија (ВИДЕО)

На почетокот на оваа седмица истекна рокот за одјава на кошаркарите од НБА драфтот. А најголемиот талент на европската кошарка, Лука Дончиќ својата пријава не ја повлече, и сега е сосена сигурно дека за девет дена ќе постане еден од НБА играчите.

објавено: 13 јуни 2018 - 22:30

На почетокот на оваа седмица истекна рокот за одјава на кошаркарите од НБА драфтот. А најголемиот талент на европската кошарка, Лука Дончиќ својата пријава не ја повлече, и сега е сосена сигурно дека за девет дена ќе постане еден од НБА играчите.
Според пишувањето на американските медиуми, Дончиќ ќе излезе на драфтот, што беше очекувано, а таму ќе биде еден од најпосакуваните играчи. Во само една година, овој неверојатно талентиран кошаркар дојде до златниот медал на ЕП со селекцијата на Словенија, а потоа ја освои и Евролигата како играч на Реал Мадрид,
Од вечерва пак атакува на уште еден трофеј во оваа најдобра сезона за него во кариерата – титулата во Ендеса лигата.

А во случај финалната серија од плеј-офот пртив Басконија да отиде во петти меч, предвидена за 22. Јуни, Дончиќ нема да може „во живо" да се појави на драфт-изборот во Бруклин.
Засега, сеуште е непознато кој клуб ќе го одбере, а ајблиску до тоа е Феникс Санс, кој ќе го води големиот пријател и тренер во словенечката селекција, Игор Кокошков.

 

Најново во Кошарка