ЦРНОГОРЕЦОТ ГО САКА СЛОВЕНЕЦОТ ПОКРАЈ СЕБЕ НА ФЛОРИДА

Лука, ако дојдеш кај нас во Орландо, секој ден ќе возиш Порше 911!

Центарот на Орландо Меџик, Никола Вучевиќ испрати ветување до Лука Дончиќ дека секојдневно ќе му го дава неговото скапоцено „Порше" доколку младиот ас на Реал Мадрид после драфтот стане играч на тимот од Флорида...

објавено: 21 јуни 2018 - 16:00

Словенечкиот репрезентативец од порано изјави дека по преселбата во САД сака да го купи „автомобилот на своите соништа" - Порше 911, и да замине на состанок со познатата актерка Џенифер Анистон.

„Ако дојдеш во Орландо Меџик, јас не можам да ти помогнам околу Џенифер Анистон. Но секој ден можеш да го возиш моето Порше 911"- меѓу другото му порача високиот Црногорец на младиот Словенец.

Инаку, Орландо има право да бираат како шести на ноќешниот драфт-избор во Бруклин. Пред нив се Феникс, Сакраменто, Атланта, Мемфис и Далас.
Младиот Словенец би требало да биде високо пласиран на овој избор, а не би било изненадување и доколку Вучевиќ навистина добие „балканско друштво", односно Дончиќ да заврши и на Флорида.

 

Најново во Кошарка