ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ПРЕД ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ВО ШПАНИЈА

Љуљ со 0-10, но Дончиќ даде 20 - за Реал да ја „брејкне" Басконија (ВИДЕО)

Кошаркарите на Реал Мадрид победија на жешкиот терен во Баскија со (83:78) и сега водат со (2-1) во победи во финалната серија на плеј-офот во Ендеса лигата.

објавено: 17 јуни 2018 - 21:30

Кошаркарите на Реал Мадрид победија на жешкиот терен во Баскија со (83:78) и сега водат со (2-1) во победи во финалната серија на плеј-офот во Ендеса лигата.
Својата 34.титула тимот од Мадрид ќе има шанса да ја освои веќе во вторник, кога во Виторија е закажан четврттиот меч од серијата.
Пред повеќе од 15.000 гледачи во „Фернандо Буеса" арената, блескаше Лука Дончиќ. Младиот Словенец запиша 20. поени(4/10 од игра и 10/11 од линијата за слободни фрлања), имаше и девет скока и три асистенции.

Освен него се истакнаа Џејси Керол со 15. поени (3/7 за три) и Треј Томпкинс кој реализираше 12.поени.
Реал Мадрид, интересно, дојде до посакуваниот гостински триумф и покрај тоа што еден од нивните најдобри кошаркари, Серхио Љуљ имаше мизерна шутерска вечер (0/10 од игра) макар што тоа го поправи со по пет скока и исто толку успешни додавања.
Најефикасен играч на Басконија беше Родриг Бибуа со 17.поени (но само 5/14 од игра), Мет Џенинг даде 13, Поарје 11, а Шенгелија и Вилдоса по десет реализирани поени.

Најново во Кошарка