Кошаркарите на Фенербахче го освоија турнирот во Задар со победата над ЦСКА (86:76), но не одеше се баш како што тоа го посакуваше нивниот предводник од клупата Жељко Обрадовиќ.
Најдобриот европски тренер на сите времиња, е познат по бурниот темперамент, а тоа уште еднаш го покажа на тајм-аутот во моментот кога неговиот тим губеше со два поени разлика (34:32).
„Чувај ја топката, чувај ја таа проклета топка... Три шанси"- се слушаше меѓу другото како Обрадовиќ ги „воспитува" своите играчи, секако заедно со некои пцовки, на мајчин јазик – српски.
.@FBBasketbol koçu Zeljko Obradovic hazırlık maçında bile hırsından bir şey kaybetmiş değil! pic.twitter.com/k7Z66SbZir
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) September 23, 2018