РУСИТЕ И ПОСЛЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ НЕ ЗАГУБИЈА ВО ТЕЛ АВИВ

Евролига: Драма во Минхен, прв „брејк“ на ЦСКА Москва (ВИДЕО)

Шампионот на Германија го забележа првиот триумф во најквалитетната европска кошаркарска лига под водство на Дејан Радоњиќ. Баерн во вториот натпревар пред своите гледачи во Минхен го совлада Панатинаикос со резултат 80:79 (20:2, 20:21, 16:17, 24:21) во еден целосно израмнет натпревар.

објавено: 16 октомври 2018 - 23:10

Одлуката околу победникот падна во последните секунди, херој на домаќините беше Владимир Лучиќ после асистенцијата на Стефан Јовиќ.

Најефикасен во победничките редови беше Нихад Џедовиќ со 19 поени и четири скока, следен од Данило Бартел со 12 поени, а на спротивната страна Кит Ленгфорд со 18 поени доминираше за грчката екипа.

Баерн во четврток гостува на Барселона, ПАО ја чека Гран Канарија во Атина. Двата тима имаат скок 1-1 после две одиграни средби.

Потоа, кошаркарите на московска ЦСКА стигнаа до првиот триумф на гостински терен во новата сезона од Евролигата со 89:86 (24:22, 26:24, 17:22, 22:18), па со учинок од 2-0 ќе го пречекаат мечот со Дарушафака во Москва.

Незадржлив за Макаби Тел Авив беше Нандо Де Коло со 27 поени за неполни 33 минути и забележа пет асистенции, а дабл-дабл учинок оствари Вил Клејбурн (11 поени, 10 скока).

За израелскиот претставник прв стрелец беше Анџело Калојаро со 21 поен, четири скока и три асистенции, а по 15 коша запишаа Мајкл Рол и Терик Блек.

Евролига, 2. коло

Вторник, резултати:

Дарушафака-Будуќност 71:61
Макаби Тел Авив-ЦСКА Москва 86:89
Баерн-Панатинаикос 80:79

Најново во Кошарка