НЕ БРЗА НИКАДЕ

ДОНЧИЌ: НБА, полека, ми недостасува Суперкупот на Шпанија...

Изминатата седмица Лука Дончиќ освои три индивидуални признанија, а по ние на „Фајнал-форот" во Евролигата, дојдоа уште две во Шпанија.

објавено: 27 мај 2018 - 15:40

Најмладиот МВП на Евролигата и на АЦБ лигата се чини дека добива по едно признание на ден...
А при доделувањето на титулата за најкорисен играч во силната шпанска лига, младиот Словенец се присети на тоа дека сепак има трофеј кој му недостасува.
А во исто време не одговори баш најасно дали и во следната година ќе го гледаме во Европа или пак во некој од тимовите во НБА лигата каде извесно е, ќе биде одбран како некој од првите пикови на јунскиот драфт во Бруклин.

"Па сеуште не сум го освоил шпанскиот Суперкуп. Освоив се, но секогаш можете да освоите уште, и тоа по неколку пати. Освојувањето на титулата е нешто што може да се случи само во Реал, така што сеуште е се отворено" – кажа Дончиќ.

Младата европска ѕвезда беше прашан и за тоа какво влијание има врз него еден Серхио Љуљ...

„Сите знаеме кој е Серхио. Тој е посебен и нокој не може да го замени. Беше најдобар играч во Европа и најдобриот во Шпанија. Се сеќавам кога имав 15.години и кога го имав првиот тренинг со првиот тим. Морав да се бранам и од нето и од Серхио Родригез. Поминав лошо, но затоа научив многу и од двајцата"- призна Дончиќ

 

Најново во Кошарка