ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА „ЦРВЕНО-БЕЛИТЕ“

Црвена Звезда донесе поранешен европски шампион

Американскиот кошаркар Кеј Си Риверс ќе игра за Црвена Звезда до крајот на сезоната, потврдија од белградскиот клуб на својот официјална страница

објавено: 11 февруари 2019 - 20:20

Кеј Си има богата играчка кариера, играше за Виртус Болоња, Локомотив Кубан, Химки, Баерн, Панатинаикос, а последен клуб му беше Реџо Емилија. Со Реал Мадрид во 2015 година триумфираше во Евролигата, а со истиот клуб двапати беше шампион на Шпанија и двапати го освојуваше Купот. Со Панатинаикос двапати триумфира во грчкото првенство.

Црвена Звезда е голем клуб со богата традиција. Имав можност во минатото да играм во Белград, видов се... Навивачите, атмосферата... беше толку возбудливо и убаво. Кој не сака да игра во таква атмосфера. Затоа се радувам што сум тика и спремен сум да играм важни натпревари, да му помогнам на тимот да ги освои најважните трофеи и да се врати во Евролигата", изјави Риверс.

 

Најново во Кошарка