СО ПОМОШ НА ТУРСКИ ИНВЕСТИТОРИ

Братот Хидо ќе помага на еден клуб во Србија

Претседателот на турската национална кошаркарска федерација, Хидајет Туркоглу наредниот месец ќе го посети Нови Пазар, и во таа прилика ќе ги договори деталите за помошта која сака да му ја пружи на кошаркарскиот клуб во овој град, кој ќе дебитира во КЛС лигата на Србија.

објавено: 7 септември 2018 - 14:20

ОКК Нови Пазар сега го предводи некогашниот играч на белградски Партизан и Црвена Ѕвезда, Оливер Поповиќ, а во клубот пристигна и Немања Крстиќ, додека во ростерот на новопопазарците е најавен и Американецот Доријан Армстронг.

Прославениот НБА кошаркар, Хидајет Туркоглу неодамна ја пречека делегацијата на овој клуб во Истанбул, па сега ќе им ја возврати посетата.

„На тој состанок стана збор и за вложување на турските стопанственици во ОКК Нови Пазар" - наведуваат од овој клуб, кој оваа есен ќе дебитира во најсилната конкуренција во Србија.

Инаку, Тургоглу потекнува од местото Рибарич, место блису до Нови пазат, но е роден во Истанбул, каде се преселило неговото семејство.
Инаку „братот Хидо" како го нарекуваат, одлично го владее српскиот јазик, а веќе извесно време е прв човек на турската федерација. Покрај тоа е и советник на претседателто на Турција Еџеп Ердоган.

Најново во Кошарка