ИАКО СЕ ОЧЕКУВАШЕ СЛОВЕНЕЦОТ ДА Е ГЛАВНА ЅВЕЗДА НА ДРАФТОТ

Дончиќ не го сакаа ни како прв, ни како втор пик на драфтот

Лука беше избран како трет пик од тимот на Атланта, но веднаш потоа беше трампан во Далас

објавено: 22 јуни 2018 - 07:33

Првата ѕвезда на европската кошарка Лука Дончиќ, сепак не е прва ѕвезда и на НБА драфтот кој утрово се одржа во Бруклин. Иако беше најавувано дека Дончиќ може да биде избран како прв пик на драфтот, сепак, младиот Словенец не го сакаа ни како прв, ни како втор пик. 

Лука беше избран како трет пик на драфтот од тимот на Атланта, но веднаш потоа и беше трејдуван во Далас Маверикс.

Тоа значи дека Дончиќ дебито во НБА лигата ќе го има во тимот од Тексас, кај легендарниот Дирк Новицки. Далас минатата сезона ја заврши со 24 победи и 58 порази и го имаа третиот најслаб биланс во лигата. 

Со размената на Дончиќ во Далас, Хоукс го доби петиот пик на драфтот плејмејкерот Тре Јанг, но и правото да добие пик од првата рунда на драфтот за следната сезона. 

Како прв пик на драфтот во НБА за 2018 година е избран центарот на Аризона, Деандре Ајтон, кој ќе го носи дресот на Феникс Санс.

Веднаш зад него е Марвин Бигли од Дјук, кој замина во тимот на Сакраменто Кингс како втор пик на драфтот во НБА лигата за 2018 година. 

Најново во Кошарка